Press "Enter" to skip to content

Битолските деца, Стефанија и Архан, македонски претставници на Светскиот куп во Естонија

Стефанија Алексовска од кугларскиот клуб Пелистер Пин и Архан Арслановски од Пелистер 1982 од Битола, ќе бидат македонските претставници на Светскиот куп до 18 години во Елва, Естонија, кој ќе се одржи во мај оваа година.

Ваквата одлука беше донесена по синоќешното поединечно финале кое се одржа во кугларницата во Битола.Стефанија Алексовка беше подобра од Андреа Вељаноска и победи со 3:1 која пак беше најдобра во квалификациите. Резултатот кој го постигна Алексовка е незјин најдобар резултат со соборени 562 дрвца.

Архан Арслановки беше убедливо е најдобар во машка конкуренција и го совлада Кристијан Николоски со 2:2 (+29), но и имаше убедливо водство во квалификациите.

Подготовките за прстојниот младински светски куп ќе започнат веднаш по завршувањето на кугларската лига, ќе бидат интензивни, со една цел двајцата млади битолчани да се покажат во најдобра форма во Естонија.