Press "Enter" to skip to content

Отсекот за превенција при СВР Битола со активности за заштита од кражби

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Битола деновиве на подрачјето на Битола реализираше превентивни активности во насока на заштита од кражби.

Притоа, беа опфатени повеќе колективни станбени згради на повеќе локации во Битола, при што биле  диструбуирани флаери со едукативна содржина.

Слични активности се реализирани со месното население од населените места во с.Крклино, Кукуречани, Ивањевци, Долно Српци, Вашарејца, Лопатица и Лознани. 

Покрај превенцијата од кражби во руралните средини, реализирани се и активности за заштита и превенција од пожари, како и безбедно управување со земјоделската механизација.