Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер во последниот “балон“ од АБА2 од Хелиос

Хелиос – Пелистер 85:81

Кошаркарите на Пелистер не успеаја во обидот да стигнат и до својата втора победа на последниот “балон“ во Широки Бријег каде во доста израмнет и неизвесен меч, се поразени од екипата на Хелиос од Словенија. Натпреварот се одигра во рамките на 12. коло од тековната сезона во АБА2 лигата.

После шест и пол минути игра, Пелистер поведе со повеќе од солидни 9:17  што беше знак за тајм аут на Хелиос. Даде резултат, затоа што словенечкиот тим направи серија од 9:0 за да го превземе водството 18:17. Сепак, четвртината заврши со водство на битолчани. По тројката на Караџовски (четвртта од пет тимски обиди) беше 22:20. Водеа “пелистерци“ и со 31:26, кога уследи втoрата серија на Хелиос од 8:0 за промена на водството. на крајот на првото полувреме резултатот беше 47:44.  

Пелистер во третиот период даде 22. поени, а тоа беше доволно за реми 66:66 на истекот на тој третата четвртина и во завршницата се тргна од нула. Пелистер одново се одвои 66:72, а потоа и со 68:74. Следуваше серија на Хелиос за 79:76 за словенците, а потоа 82:78. Пелистер имаше шанси да го стигне тоа водство, следуваа неколку грешки и промашен шутна крај за за продолжение од 5 минути.

Најефикасен кај Пелистер Никола Малешевиќ со 18 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »