Деновиве се одржа консултативен состанок на секцијата на стручните соработници од основните улилишта од општините Битола, Могила, Новаци и Крушево, на кој психолози, педагози и дефектолози од основните училишта разменуваа мислења и ги сумираа резултатите од активностите кои се реализираат во текот на учебна 2021/22 година, а се дадаоа насоки за понатамошна работа на секцијата.
Претседателот на секцијата Жанета Ристевска психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ на изјави:
-Секцијата на стручни соработници од основните училишта активно работи и задоволна сум од соработката на регионално ниво. За време на пандемијата состаноците се одржуваа на платформата zoom – он лајн. Сега со намалување на мерките ова е нашиот прв состанок со физичко присуство, на кој присуствуваа голем број од членовите. На консултативните состаноците се даваат иницијативи и предлози за поуспешна соработка меѓу членовите во рамки на подрачјата – поддршка на ученици, наставници, родители со цел унапредување на воспитно образовна работа. На дневниот ред од состанокот се дискутираше на повеќе точки, советување на родиители, инклузивно образование, креативност, поттикнување и примена на тестови за креативност од 9 до 15 годишна возраст. Се покренаа иницијативни за аналитички истражувања, со кои би се добиле значајни заклучоци на ниво на регион, а ќе се разгледуваат на следниот состанок на секцијата.
Анета Диманоска стручен соработник-психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј “ село Бучин Општина Крушево рече:
-Состаноците кои се одржуваат на ниво на секцијата на психолози во Битола се корисни, информативни, инспиративни и нудат можност за споделување на стручни материјали меѓу членовите психолози, материјали за работилници и дијагностички инструменти.изјави Таа исто така сподели искуства и поттикна за аналитички истражувања поврзани со „Стрес и стратегии за надминување на стресоот кај учениците“. Повраноста на мотивацијата како важна претпоставка на учениците за постигнување на повисоки училишни резултати“. Важноста на менталното здравје и појава на вознемиреност во период на пубертет и адолесценција“.
На работниот состанок стручните соработници ги споделија своите искуства во работата со деца со потешкотии, поддршка на наставниците, насоки за работа со прилагодување на материјали за работа, ресурси во зависност од видот на потешкотијата од можностите и способностите на ученикот.
Дефектолозите Андријана Шокларовска ОУ “Св. Климент Охридски“ и Анета Христова ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола се надоврзаа со споделување на искуства и нивната улога во спроведување на процесот на инклузивното образование, извештаи и насоки за работата на инклузивните тимови, образовни асистенти и изработување на индивидуалните образовни планови ( ИОП) за учениците со различна попреченост кои имаат мислење од комисијата за „Меѓународна класификација на функционалност“ – МКФ.
Мирјана Лавуровска, педагог, ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола“, рече:
-На состанокот покрај другите точки се разгледаа измените во процесот на менторирање на приправник стручен соработник, измените во начинот на подготовка на домашната работа, избор на теми, нови насоки и правилници за работа како и поддршка на приправникот во подготовка на акциско истражување или студија на случај.