На 24.03.2022 во СВР Битола, М.Б., на возраст од 20 години од Крушево, со привремен престој во Битола, пријавил дека на ул.„Широк Сокак“ бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 23.03.2022 во СВР Битола, В.Б. од Битола пријавила дека во населба „Карпош“ во Битола била касната од куче скитник.
На 23.03.2022 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода малолетник од Битола, со привремен престој во Прилеп, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.