Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.246 теста, а регистрирани се 322 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 31.
Регистрирани сe 308 оздравени пациенти од Битола се 21.
До сега во Битола се регистрирани 14.673 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 156 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице, нема од Битола, а дополнително е пријавено починато лице Битола.
Направени се 74 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 68 и преку “Плодност“ 8.
Досега во земјата се направени вкупно 1.948.834 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.648, бројот на оздравени пациенти е 293.479, на починати е 9.197, а бројот на активни случаи изнесува 1.972.