Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки“ е дoбитник на признанието Повелба по повод 40-годишното постоење и за значаен и непроценлив придонес во развојот на македонската кинематографија и за нејзина афирмација во светски рамки, како и за афирмација и популаризација на филмската уметност низ нејзиниот најспецифичен сегмент — кинематографијата, кое го додели Претседателот Стево Пендаровски.ИФФК „Браќа Манаки“ е прв и најстар ваков фестивал, светилник и гордост на македонската кинематографија и уметност повеќе од четири децении. „Браќа Манаки“ има посебен успех со својата мисија за врвен вредносен систем во промоцијата и славењето на еден од најважните сегменти во филмската продукција-кинематограферството, клучната алатка за раскажувањето на наративите на филмското платно.
Почетоците се во градот домаќин Битола, во кој живееја и твореа браќата Милтон и Јанаки Манаки. Со својот фасцинантно богат опус и особено со документарните филмови снимени со нивната легендарна Камера 300 тие оставија непроценлив драгоцен филмски опус. Фестивалот е основан во 1979 година од страна на Друштвото на филмски работници во соработка со градот Битола и Кинотеката. Признанието денеска на директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски му го врачи претседателот, Стево Пендаровски.

ИФФК “Браќа Манаки“ со признание, Повелба, за 40 годишно постоење, од претседателот Пендаровски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Пелистер се пласира во Прва лига (фотогалерија)
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност
- Заврши фестивалот на монодрама во Битола, “Grand prix“ за “Едит Пјаф“ на театар “Годо“ од Букурешт (фотогалерија)
- Градско-братското дерби во Битола за поискусните Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
- Битолски библиотекари на меѓународна конференција за библиотекари во Црна Гора