На 24.03.2022 во Битола, полициски службеници од Полициска станица Битола лишиле од слобода 43 годишно лице од Прилеп. Тој бил баран со потерница од Основен суд Прилеп за доиздржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
На 24.03.2022 во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле слобода 24 годишно лице од Битола. Тој бил баран со потерница од Основен суд Битола за доиздржување казна затвор од 2 години и 5 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
На 25.03.2022 во СВР Битола било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Партизанска” во Битола, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу две лица на возраст од 26 и 25 години, двајцата од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.03.2022 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода три лица на возраст од 19 години од Битола, 19 години од село Жабени и 20 годишник од село Будаково затоа што претходно на ул.„Широк сокак“ во Битола физички нападнале малолетник од Битола. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 201-а од Кривичниот законик.