Денес, сабота, 26 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 18 степени.
Утре, недела, 27 март, во Битола, времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата во Битола до 20 степени.