По победите на општинските кошарски натпревари екипата на основните на ОУ“ Кирил и Методој“ од Битола учествуваа на регионален турнир (запад) во кошарка кој се одржа во Кавадарци.
Спортистите, основци, од “Св. Кирил и Методиј“ од Битола го освоија првото место и се пласираја на државното првенство во Скопје.
Во првиот натпревар младите битолчани на победија екипата на ОУ “Гоце Делчев“ од Гостивар со резултат 41:35, а во финалето убедливо ја победија екипата на ОУ “Гоце Делчев“ од Кавадарци, кои беа домаќини на зонското финале, со 49:33.
Екипата на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ ќе игра на државното првенство на кое се пласирани надобрите четири екипи од цела Македонија.