Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: примена на ехо на тироидна жлезда во утврдување на Струма и потреба од биопсија на нодулуси- јазли

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехо на тироидна жлезда во утврдување на Струма и потреба од биопсија на нодулуси- јазли, за што вели:-При ултрасонографија или Ехо на тироидната жлезда се проценува нејзината големина, ехотекстура градба  која е значајна во дијагностицирање на Струма или гушавост како и во процена на присуство на јазли  дали се бенигни малигни за кои понекогаш е потребна биопсија. Димензиите на тироидната жлезда се од 0.8 до 1.6 цм во ширина од 1 до 1.8 цм во длабина кои се мерат во трансверзален пресек и 4 до 5 цм во должина на лонгитудинален или сагитален пресек, спојот  помеѓу двата дела лобуси на тироидната жлезда се нарекува истмус кој нормално е до 5 мм.

При зголемени димензии над овие  постои Струма а при намалени димензии често постои хипотиреоидизам (Хашимото тироидитис). Во ехо прегледот на тироидната жлезда се користи линеарна сонда високофреквентна со јачина од 7 -15 MgHz. За процена на функцијата на тироидната жлезда е задолжително испитување на ТSH и FT4. Дали ќе се прави биопсија на еден јазол на тироидната жлезда зависи дали има брз раст во неговите димензии, при големина над 1см и внатрешни микрокалцификати, при големина над 2 см и инхомогена тврдо-цистична содржина и поголеми антеропостериорни димензии треба да се направи биопсија со цел утврдување присуство или отсуство на малигнитет.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“, а во ординацијата има и апарати за испитувања и на други органи како уво, око, грло, нос. 

Телефон за закажување и други информации: 075/32 64 18.