Press "Enter" to skip to content

Попладнево со Скопје вечното ракометно дерби, Еурофарм Пелистер пред голем предизвик на пат кон титулата

-Натпревар кој може да одлучи за шампионот, полни трибини, гостување на “Чкембарите“, карантин на “пелистерци“, најдобрите судии на терен, исполнети сите услови за вечно ракометно дерби, во 17 часот во Скопје.

Попладнево со 17 часот во салата на СЦ “Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одигра третиот по ред натпревар, вечното ракометно дерби, помеѓу екипте на Вардар 1961 кој е домаќин и Еурофарм Пелисте од Битола, која е во карантин во Скопје, на стартот на плеј-офот. Дали овој натпревар може ќе биде одлучувачки дуел околу разврската за титулата, во која “вардарци“ влегуваат со бод повеќе.

Битолчани имаат за цел најмалку да останат непоразени во Скопје и само без други калкулации да ја продолжат битката за титула. 

Крилото на Еуорофарм Пелистер, Ненад Костески, за ова дебри вели:

-Му гостуваме на Вардар и се припремаме цела ова недела. Добро ги анализиравме, знаеме за каков тим станува збор. Она што ни преостанува да е излеземе на терен, да го дадеме најдоброто од нас и на крај да се радуваме на победа. Верувам во победа за Пелистер и за “Чкембари“ попладнево“, кои се најавија дека ќе бидат во салата.

Како и натпреварот во Битола и овој ќе го судат нашите најдобри судии Николов и Начевски.

Трибините на СЦ “Јане Сандански“ ќе бидат исполнети, бидејќи домаќинот се одлучи за слободен влез на ова дерби.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »