Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: уапсен битолчанец кој крадел на ул. “Девеани“, пронајдени стари гранати кај стадионот и германски гробишта

На 26.03.2022 во 22.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 2 годишник  од Битола. Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 25 и 26.03.2022 со употреба на сила влегол во куќа на ул. „Девеани“, сопственост на 35 годишник од Битола и одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодетна пријава.

На 26.03.2022 во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат А3, кракот Прилеп – Ресен, во близина на тунелот кај место викано “Германски гробишта“ биле пронајдени три артилериски гранати со калибар 75 мм, кои потекнуваат од Првата светска војна, а во близина на северната трибина на Градскиот стадион „Под Тумбекафе“ била пронајдена уште една артилериска граната со ист калибар, која исто така потекнува од Првата светска војна. Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.