–Битола пред 40 и повеќе години беше позната и по пивото, а “Битолското пиво“ го имаше во сите републики во тогашната Југославија и се носеше рамо до рамо со сите марки на пиво, кои мора да признаеме дека беа мошне квалитетни. Но, со процесот на транзиција на претријатијата во општествена сопственост, меѓу другите и битолската пивара како што ја викаат битолчани пиварата стагнира, односно не беше на тој добар глас. Имаше производство, но далеку од тоа што ние го знаевме и како битолчани го посакувавме, започна со своите сеќавања Димче Миновски, кој продолжи:
-Желбата на битолчани да имаат, свое битолско пиво, некако се оствари во 2012 година кога на голема врата беше најавено новото отворање на битолската пиварница, производството на битолско пиво и враќање на старите позиции по квалитет и продажба.
Тогаш, како и други компании пиварата се извлече од стечајот – затворањето и беше продолжено производството по модернизацијата на производството и започна со производство на “Битолско пиво“ и новата марка на пиво “Кенбах” по најнова технологија и по германска формула, а мора да се спомене и тоа дека “Кенбах“ имаше новина, термометар на самата етикета кој ја кажуваше температурата на пивото.
–Како и секогаш, тогашниот сопственик, рече дека квалитетот на пивото, ќе се базира пред се на пелистерската вода и суровините кои ќе бидат со најголем квалитет, а желбите ќе им бидат да се пробијат на пазарот, во Македонија да бидат рамо до рамо со Скопското и Прилепското пиво. Јас како љубител на пивото и локал патриот лично се израдував на овие зборови, но за жал не се исполнија, Битолската пиварница не го врати имиџот и квалитетот кој го имаше претходно, но да се надеваме дека во некое брзо време ќе се вратиме со Битолското пиво на старите позиции, заврши Миновски.

Деновиве пред 10 години: битолската пиварница повторно започна со производство на “Битолско пиво“ и новото пиво “Кенбах“
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Пелистер се пласира во Прва лига (фотогалерија)
- Александар Стефановски, уметнички раковител на КУД “Илинден“: беше повеќе од предизвик да ги раскажеме градските приказни во Офицерски
- СВР Битола: пет лица го нарушувале јавниот ред и мир, полицијата ги привела
- Полагање за џудо кандидати-мајстори и мајстори во “Будо центарот“ во Битола (фотогалерија)
- “Семејството не е бројка, семејството е љубов”, трибина на Форумот на жени на СДСМ-Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Пелистер се пласира во Прва лига (фотогалерија)
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност
- Заврши фестивалот на монодрама во Битола, “Grand prix“ за “Едит Пјаф“ на театар “Годо“ од Букурешт (фотогалерија)
- Градско-братското дерби во Битола за поискусните Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
- Битолски библиотекари на меѓународна конференција за библиотекари во Црна Гора