Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ: одигравме перфектен натпревар, ова е важна психолошка победа

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, по побеата на натпреварот против Вардар не го криеше задоволството, и нагласи дека е важна победа пред се на психолошки план, затоа што ракометарите може да видат дека имаат потенцијал за поголеми успеси од актуелните и дека тимот има квалитет.

-Сакам да им се заблагодарам на играчите, уште еднаш покажаа карактер како што покажуваа цела година. Не направија сите среќни. Клучно за успехот беше фанатичната дефанзивна игра и страшната контрола во нападот. Добро се враќавме и ротиравме, одигравме еден перфектен натпревар против Вардар кој е врвен тим, со врвен тренер и навивачи. И покрај што имавме хендикеп затоа што немавме неколку важни играчи, со карактер, срце и заедништво дојдовме до „брејк“ и една голема победа. Оваа победа е важна затоа што сигурно ќе даде до знаење дека ние имаме потенцијал да играме против врвни европски екипи кои играат во Лигата на шампионите. Се останато е нов ден, нова подготовка, во спортот немате многу време за славје. Како и да е, ова е важна психолошка победа, изјави Бабиќ.

More from СпортMore posts in Спорт »