Еурофарм Пелистер – Охрид 31:39 (17:21) – кадети
Вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола се одигра натпреварот во категорија “У-18“, кадети помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Охрид, а победникот во овој натпревар се пласира во завршницата, во финалниот турнир. Се работи за младир акометри родени 2004 години и помласи кои без први во своите групи во регуларниот дел од сезоната.Кадетите на на Еурофатр Пелистер се поразени од врсниците од екипата на Охрид со резултат 31:39. “Пелистерци“ беа рамноправни во првиот дел на натпреварот иако гостите имаа мала предност, но во вториот дел охриѓани ја потврдија победат со сигурна игра во нападот.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Фарух Мемиќ се обиде да ја мотивира екипата, направи замени но сето тоа беше доволно за пресврт.
Во екипата на Еурофарм Пелистер настапија: Коста Магдевски, Александар Спасовски, Владимир Василевски 9, Андреј Лозановски, Христијан Мојсовски, Марко Димовски 4, Филип Јоневски, Стефан Трсунов 12, Андреј Шулевски, Томче Пецаковски, Љубен Неделковски, Карло Бутурац 3, Павел Зариќ, Никола Блажевски 1, Димитар Вирловски 2.
Најефикасен со постигнати 12 гола кај Еуофарм Пелистер беше Трсунов, а Василевски погоди 9 пати.