Press "Enter" to skip to content

Кугларките гостуваа кај ГТЦ во Скопје го потврдија 1. место и се на чекор до титулата

ГТЦ Мусандра Б – Пелистер Пин А 0:6 (1764:2022)

ГТЦ Мусандра А – Пелистер Пин Б 6:0 (1987:1866)

Двете женски кугларски екипи од Битола, гостуваа во Скопје каде играа против двете екипи на ГТЦ Мусандра, и се враќаат со победа и пораз.

Екипата на Пелистер Пин А, во рамките на државното првенсво во куглање за жени, издвојува победа над ГТЦ Мусандра Б со 6:0 (2022:1764).

Втората кугларска екипа д Битола, екипата Пелистер Пин А беше поразена од ГТЦ А со 0:6 1866:1987.

Она што најмногу радува е што Стефанија Алексовска од Пелистер Пин А, со 538 е играч на колото, а токму оваа девојка и наша кугларка ќе ја претставува Македонија на Светскиот Куп во Естонија во мај.

-Во лигата после оваа победа од денес со “А“ екипата имаме 100% учинок и ни останува наредниот викенд да го одиграме пресудниот натпревар за прво место со најдобрите кугларки од ГТЦ. Првиот натпревар во Скопје го добивме со 5:1 и во Битола ни треба да освоиме најмалку 1,5 поен за да останиме на врвот. Секако ние ќе играме на победа и според сите параметри и постигнати резултати во моментот сме подобра екипа, вели Игор Михајловски, тренер на Пелистер Пин.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »