Фит Фан Волеј – Пелистер Волеј 3:0
(25:23; 25:20; 25:22)
Во продолжението од натпреварите во Втората фаза од Државната одбојкарска лига на Македонија, во претпоследното регуларно коло, екипата на Пелистер Волеј е поразена во Скопје, со резултат 3:0 во сетови, во натпревар во кој играа на работ да се биди или не, во кој психолошки не издржаа во ниеден важен момент иако во сите сетови имавме солидна предност.
-Иако тактичко-технички играта беше поставена доста добро, потфрливме во сервисот, особено во вториот сет кога грешевме дури 6 ротации по ред, а што е пострашно ништо не научивме од аспект на смиреност и концентрација во најважните моменти. Кога можевме да ги завршиме сетовите во наша полза, на виделина излезе неодлучноста и стравот од победа. Противникот сосема заслужено го осигура опстанокот во елитното друштво и им честитаме за денешната победа, вели тренерот на Пелистер, Роберт Митковски, кој не ја криеше разочараноста од поразот.
По овој пораз екипата на Пелистер Вилеј ќе игра бараж натпревари со второ пласираната екипа од втората лига, без разлика на резултатот во последното коло.