Press "Enter" to skip to content

Со две медали во слалом, во Маврово, младите скијачи од Битола, ја завршија оваа сезона

Снежните врнежи кои ги имаше во изобилство оваа зима придонесоа за разлика од изминатите сезони да се одржат сите натпревари и да се “возат“ сите натпревари во “Лигата на надежи“. Со денешната трка во слалом, во Маврово“, заврши годишната сезона која скијачите од Битола можат да ја карактеризираат како успешна.Денес во Маврово на слалом трката младите битолчани се закитија до две медали. Во категорија “U14“ Ангела Ристевска го освои второто место, а во категорија “U8“ Матеа Нолева е третопласирана.