Атлетико – Топ Гол 1:2 (1:1)
Во градското дерби, во Битола, помеѓу женските фудбалски екипи на Топ гол и Атлетико победник е Топ гол. Во рамките на 15. од ПМФ на натпреварот кој се го одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, Топ гол го совлада Атлетико со резултат 1:2, полувреме 1:1.
Стрелец за Атлетико беше Велјановска во 15. минута, а головите за Топ гол ги постигна Љондевска во 30. и Гоцевска во 60. минута.
-Честитки на моите фудбалерки за овој триумф и победата над Атлетико. На почетокот на натпреварот примивме гол но тоа не мотивира уште повеќе, да израмниме и победиме прокниживме уште три нови бода кои ни беа потребни, вели Кире Грбевски, тренер на Топ Гол.
За Топ гол настапија: Талевска, Петровска, Марковска, Стојчевска, Гоцевска, Талевска М., Димитровска, Стевановска, Милевска, Љондевска и Давчева, уште играа Јовановска и Трајчевска.