Press "Enter" to skip to content

Партнерите во проектот “Smart-Cul-Tour“ ги презентирани резултатите во Битола (фото)

Денес, во Битола, најпрво во античкиот лојалитет Хераклеја, а потоа и во хотел “Епинал“ беа презентирани резултатите на завршен настан на проектот “Смарт кул тур“. Проектот е  кофинансиран од страна на Европската Унија и Министерство за локална самоуправа, во рамките на вториот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Албанија, каде општина Битола е водечки партнер.Заедничките активности се имплементираа во соработка на општината со уште четири партнери и тоа: НУ Завод Музеј и Младинскиот културен центар од Битола и Општина Пустец и Регионалниот Директорат за култура од Корча. На денешниот настан, беа презентирани реализираните активности и постигнатите проектни резултати, кој траеше 28 месеци.

Министерот за локална самоуорава, Горан Милевски, кој учествуаше во завршниот настан рече:-Благодарение на успешноста на проектот и следниот повик кој веќе помина делегацијата на ЕУ ја одобри втората фаза на истите субјекти кои што го добија проектот. Во втората фаза ќе се реновира дворот на Музејот во Битола – пациото, кое е лоша состојба и објектот “Парк“ наспроти Музејот во вкупна вредност од 1,2 милиони евра. Овој проект е веќе потпишан и во наредните месеци ќе започне имплемантацијата.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски за овој проект пред присутните рече:-Со овој проектизвршено е подобрување на пристапноста до археолошкиот локалитет Хераклеја, но и инфраструктурно уредување во самиот локалитет. Преземени се чекори кои го поттикнуваат развојот на туризмот во регионот Пелагонија – Корча со реализирани повеќе инвестиции, а истовремено се создава можност за промоција и заштита на културното и природното наследство, со цел овозможување на рамномерен и одржлив социо – економски развој во прекуграничниот регион. Како локална самоуправа, не застануваме тука и веќе работиме на повеќе проектни апликации, за кои очекуваме поддршка од европските фондови, во различни области кои ќе овозможат подобрување на условите за живот во нашата општина, посебно во областа на животната средина, енергетската ефикасност, културата, туризмот и други области. Остварувањето на перспективните цели, подразбира и континуитет со кој се претставува нашата сериозност како општина и се гради довербата кај финансиерите, поради што, како што е пример и денешниот настан, насочени сме и кон успешна дореализација на започнатите проекти финансирани од ЕУ, но и обезбедување функционалност и одржливост на веќе реализираните инвестиции.

Во име на МКЦ Битола, кои се дел од овој проект, Сашо Додовски рече:-За да поттикмене туризам, но и за да нема иселување, сакаме да поттикнеме од двете страни на границата мали бизниси и со тоа да продолжат да живеат таму каде се родени. И преку туристичките агенции кои се вклучени во развој на програмите кои до сега не постоеле како такви, даваме можнст да се запознаеме со искучителните природни убавини на целиот овој регион. Јас сум убеден дека втората фаза од Проектот ќе додаде нова вредност на сите овие аспекти.Мери Стојановска, директот на Завод и Музеј Битола рече дека за нив е исклучитено важен аудио водичот кој е на седум јазици и ќе овозможи на различни категории посетители да ги добијат основните показатели за 12 точки на локалитетот. Со проектот „Смарт кул тур“, преземени се чекори за развој на туризмот во регионот Пелагонија и Корча преку: поставување постојана поставка во Музејот „Стерјо Спасе“ во с. Глобочани, Општина Пустец; реновирање на музејската поставка во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, како и овозможување пристапност за лицата со посеби потреби, до театарот и видиковецот во Хераклеја. Покрај овие активности развиен е повеќе-јазичен аудио водич за археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, виртуелна и проширена реалност за археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис и музејот на Стерјо Спасе во Глобочани, а се промовираат и интегрирани туристички пакети со прекуграничен карактер.

Во досегашниот период реализирани се работилници за размена на искуства и знаење помеѓу музејските експерти и конзерваторите од НУ „Завод и музеј“ – Битола и Директоратот за заштита на културно наследство – Корча.На денешниот завршен настан на проектот, за придобивките од проектот и постигнатите резултати, говореа и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски, директорот на директоратот за заштита на културно наследство од Корча, Ѓерги Коки.

More from ВестиMore posts in Вести »