Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 29.
Регистрирани сe 355 оздравени пациенти од Битола се 26.
До сега во Битола има 14.741 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 157 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 4 починати лица, нема од Битола.
Направени се во Битола 73 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 53 и преку “Плодност“ 20.
Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а бројот на активни случаи изнесува 1.782.