Press "Enter" to skip to content

Гран при оди за Турција, а почесната награда “Коста Хаџи-Антоновски“ во Русија, соопштени наградите на “Малиот Монмартр“

-Меѓународното стручно жири на “Малиот Битолски Монмартр 2022“ и додели награда “Гран – при 2022“ на “Atolye Veysel Acar“ – Trabzon – Turkey, а почесната награда “Коста Хаџи-Антоновски“ за долгогодишно учество, соработка и придонес на Irina Kruchinina од  “Children’s Art Studio “Rostok“ – OB – Russia.

По завршувањето на меѓународниот ликовен конкурс за изложбата “Битола 2022“ меѓународното стручно жири на “Малиот Битолски Монмартр 2022“ година ги соопшти годинешните резултати, а на конкурсот пристигнаа пратки од 450 училишта со над 22.500 цртежи од 40 земји од Европа до Азија. За 40. јубилејна Меѓународна изложба на детски ликовни творби “Битола 2022“ избрани се 777 дела, а истата ќе биде отворена на 23 мај година во просториите на Националната детска ликовна галерија “Монмартр“ и ќе трае се до крајот на тековната година.

Меѓународното стручно жири донесе одлука добитник на наградата “Гран – при 2022” да биде  “Atolye Veysel Acar“ – Trabzon – Turkey, а почесната награда “Коста Хаџи-Антоновски” за долгогодишно учество – соработка и придонес – Irina Kruchinina – Children’s Art Studio “Rostok” – OB – Russia. Награда “Проф. Д-р. Богомил Карлаварис” за животно дело – Svetlana Veshich Ralevich – Likovni Atelje “Artino” – Belgrade – Serbia 

Наградите  за специјална колекција за училиште одат во Унгарија, Романија и Словенија, а награда за учество на “Малиот Битолски Монмартр 2022“ за 25 екипи кои во периодот од 23 до 30 мај 2022 година ќе престојуваат во Битола со 2 учесници и 1 ликовен педагог.

Награда за најдобра колекција “Златна четка“ на меѓународното стручно жири ќе и се додели на 23 награди во оваа категорија за најдобра испратена колекција за конкурсот “Битола 2022“, како и награда за најдобри поединци “Златна палета“ на 133 учесници. Признанија за поединечни остварувања – “Диплома” меѓународното стручно жири додели 245 награди во оваа категорија наменета за поединечни остварувања на светската изложба “Битола 2022”.

More from КултураMore posts in Култура »