Започна тест фазата од проектот „РомАБЦ оди напред – понатамошно развивање на иновативни методи за борба против функционалната неписменост кај Ромите и други групи со помали можности во Европа“.
Целта на тест фазата е да се утврди дали подготвените содржини и вежби од подготвената наставна програма за курсот се соодветни, разбирливи и доведуваат до стекнување на потребните знаења и вештини за надминување на функционалната неписменост кај возрасните Роми.
Тест фазата ќе трае до 05.06.2022 година кога ќе се добијат потребните информации за квалитетот на создадената наставна програма за курсот.
Проектот е кофинансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата, а координатор е германската организација „Контакти за Европа/Kontakte für Europa e.v“



