Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен крадец-крадел 260 литри нафта, физички напад на сопруга, каснување од куче, сообраќајни контроли

На 29.03.2022 во 05.15 часот на ул.„Македонска Фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 48 годишник од Битола. Тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште.  Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта.  Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.    

На 28.03.2022 во СВР Битола, 58 – годишна жена   од Битола пријавила дека во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.03.2022 во СВР Битола, А.Л. (26) од село Горно Оризари, битолско, пријавил дека бил каснат од куче скитник. 

На 28.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 12 возачи, од кои 2 на територија на Ресен, 3 на територија на Битола, 3 санкции на територијата на Прилеп и 4 санкции во Македонски Брод. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.