Претседателката на Советот на Општината Битола, Габриела Илиевска за денес ја закажа 10. седница на Советот на Општината Битола, која е во тек, а неа се расправа по 52 точки кои се на дневен ред.
Се расправа за Буџетот на Општината, за измени и дополнувања, за донацијата на Украина, за ДУП, за завршните сметки на јавните претријатија, а предложен е следниот дневер ред:
1.Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Битола за 2022 година.
2. Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Битола за 2022 година.
3. Одлука за донација на Хуманитарна помош за збратимениот град на Општина Битола Кременчук во Република Украина.
4. Одлука за изменување на Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Битола.
5. Одлука за измена и дополнување на Одлуката за формирање на Локален младински совет на Општина Битола.
6. Одлука за донесување на Детален Урбанистички план за нови градски гробишта Блок 2 – Општина Битола (ДУП за Четврт Исток 1 за дел од Блок И.01.02).
7. Измена на тарифниот систем во општинскиот линиски превоз на патници во Општината Битола.
8. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП „Комуналец” во 2021 год.
9. Извештај за работата на ЈП „Комуналец” Битола во 2021 год.
10. Извештај за реализација на Програмите за одржување на ЈЗП и јавначистота во Општина Битола од ЈП „Комуналец“Битола за 2021 год.
11. Завршна сметка за финансиското работење на КЈП „Нискоградба” во 2021 год.
12. Извештај за работата на КЈП „Нискоградба” во 2021 год.
13. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП „Пазари” во 2021 год.
14. Извештај за работата на ЈП „Пазари” во 2021 год.
15. Завршна сметка за финансиското работење на ЈКП „Водовод” во 2021 год.
16. Извештај за работата на ЈКП „Водовод” во 2021 год.
17. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола во 2021 год.
18. Извештај за работата на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола во 2021 год.
19. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП за изградба и одржувањена јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во општина Битола во 2021 година.
20. Извештај за финансиското работење на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во општина Битола во 2021 година.
21. Завршна сметка за финансиското работење на Зоолошката градина – Битола во 2021 год.
22. Извештај за работата на Зоолошката градина – Битола во 202 година.
23. Завршна сметка за финансиското работење на Старски дом „Сју Рајдер“ – Битола во 2021 година.
24. Извештај за работата на Старски дом „Сју Рајдер“ – Битола во 2021 година.
25. Извештај за реализација на Програмата за користење и одржување на улично осветлување во Општината Битола за периодот од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година.
26. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште во Општина Битола за 2021 година
27. Извештај за реализација на Програмата за одржување на комунални објекти и инсталации, локална патна мрежа и улици во Општина Битола за 2021 година.
28. Извештај за реализација на Програмата за економски развој за 2021 година.
29. Извештај за реализација на Програма за туризам во општина Битола за 2021 година.
30. Годишен извештај за реализација на Програма за социјална заштита во општина Битола за 2021 година.
31. Годишен извештај за работата на Локалниот економско социјален Совет наопштина Битола за 2021 година.
32. Годишен извештај за работата на Локалниот волонтерски Совет на општина Битола за 2021 година.
33. Годишен извештај за реализација на Програма за еднакви можности во општина Битола за 2021 година.
34. Годишен извештај за работата на општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола за 2021 година.
35. Годишен извештај за реализација на Програма за култура во општина Битола за 2021 година.
36. Годишен извештај за реализација на Програма за образование во општина Битола за 2021 година.
37. Годишен извештај за реализација на Програма за активности во областа на спортот и младите во општина Битола за 2021 година.
38. Извештај за реализација на Програма за изработување на урбанистички планови и урбанистичко плански документации на подрачјето на Општина Битола за 2021 година.
39. Извештај за реализација на Програмата за животната средина за 2021 година.
40. Деветта измена и дополнување на Програма за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Oпштина Битола.
41. Програма за Наменско трошење на определени средства во областа на управување со животната средина, по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски додатоци на општините за 2020 година.
42. Програма за измена и дополнување на Програма за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на Општина Битола за сезона 2021/2022 година.
43. Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2022 година.
44. Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на комунални објекти и инсталации, локални патишта и улици во Општина Битола за 2022 година.
45. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на висина на вредноста на бодот за пресметување на бруто платите на вработените во ЈППЈЛП – Битола согласно Законот за минимална плата.
46. Решение за формирање на работно тело кое ќе работи на регулирање на начинот на достава на стоки на територија на Општина Битола.
47. Решение за формирање на работна група за обезбедување на подобра сигнализација на пешачките премини пред основните и средните училишта.
48. Решение за разрешување и именување на член на Партиципативното тело за урбанистичко планирање на Општина Битола.
49. Решение за именување претставник за член во Управен одбор во ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“Битола.
50. Решение за разрешување и именување на член во Управниот одбор на ЈОУ „Кулутрен и информативен центар“Битола.
51. Иницијатива за донесување на Одлука за доделување на финансиски средства во висина од 300.000 денари, на Оливера Наковска-Бикова за освоено прво место на Европско првенство во стрелаштво.
52. Иницијатива за дополнување на тарифниот систем во општинскиот линиски превоз на патници во Општината Битола.