Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 36 нови позитивни на ковид-19, оздравени 25, активни 168 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 36.

Регистрирани сe 235 оздравени пациенти од Битола се 25.

До сега во Битола има 14.777 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 168 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа,  се регистрирани две починати лица, нема од Битола.

Направени се 97 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 75 и преку “Плодност“ 22.

Досега во земјата се направени вкупно 1.960.264 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220, а бројот на активни случаи изнесува 1.835.

More from ВестиMore posts in Вести »