Уште една успешна приказна ни доаѓа од ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола. Во рамките на Еразмус+ Проектот “Игрите во училиштето“ чиј координатор е Франција, а партнери се Македонија, Бугарија, Турција и Полска, во периодот од 21-25.03.2022 се реализира мобилност во Битола.Училиштето како домаќин и организатор на активностите оствари посета на Министерството за култура и средба со министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска, како и посета на општина Битола, градинката “Мајски Цвет“ и се реализираа голем број на активности со учениците преку математички игри.
Исто така гостите имаа можност да се запознаат со културно историските споменици и убавините на нашиот град и на Македонија.

“Игрите во училиштето“ еразмус+ проект на ОУ “Св. Климент Охридски“
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Комуналец“ во соработка со “Водовод“ го миеја Широк Сокак, ќе продолжи и понатаму (фото)
- Советници од Битола и Новаци и граѓани беа во посета на санитарната депонија “EPADYM S.A.“ кај Птолемаида-Кожани во Грција (фото)
- Преку апликацијата “мЗаедница“ ќе може да се пријави проблем во општина Битола
- Две улици во населбата “Буковски ливади“ ќе добијат ново улично осветлување
- Во Битола 15 нови позитивни на ковид-19, оздравени 8, активни 70 случаи