Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер лесно до победа над Ангели во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Ангели 76:58

Кошаркарите на Пелистер, вечерва во салата “Боро Чурлевски“ во Битола лесно ја победија екипата на Ангели, која е последна на табелата, со резултат 76:58 во рамките на 20. коло на Првата македонска кошаркарска лига, во натпревар во кој се уште на стартот се одлучи победникот, а потоа е беше рутина.На стартот на првата четвртина “пелистерци“ направија серија од 12:0, кошаркарите на Ангели успеја да се вратат во игра, резултатот беше 18:6, по што следуваше нова серија 14:0 за крај на четвртината да биде 32:6.

Гостите на почетокот на вториот квартал се обидоа за направат нешто повеќе, но разликата се зголеми на +30 (41:11), кој заврши со резултат 47:25.И продолжението продолжи со истото темпо, па Ангели се вратија околу границата од 20 поени разлика, за во последната четвртина дојдоа на -16, а натпреварот заврши со 76:58.Најефикасни кај Пелистер на натпреварот беа Хогтон со 18 и Ѓуроски 15.