Press "Enter" to skip to content

Општина Новаци одбележа 26 години постоење, одржана свечена седница и низа други активности

Денес Општина Новаци одбележува 26 години  постоење и успешно функционирање, справувајќи се со сите предизвици и достојно спроведувајќи ги сите свои надлежности согласно законските прописи за доброто на жителите на Општина Новаци. 

-На сите жители на Општина Новаци на почеток сакам да им го честитам денешниот празник, 26 години успешно постоење и функционирање, мерејќи се рамо до рамо со големите урбани општини во државата. Започнавме со едно темпо на работа кое во следниот период уште повеќе ќе ја издигне Општина Новаци а нашите граѓани ќе бидат горди на своето место на живеење, рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци. По повод 26 тиот роденден денес се одржа свечена седница на Советот на Општина Новаци. 

-Во изминатите 26 години одговорноста и обврската за развој и просперитет на Општина Новаци ја имаа претходните состави на Совети и градоначалници , но сега таа одговорност е наша во следните 4 години да работиме во интерес на народот кој не избра  со цел да им ги подобриме условите за живот преку донесување на позитивни одлуки кои ќе го поттикнат локалниот економски развој и ќе го подобрат животниот стандард, рече Славица Најдовска Стојковска, претседател на Советот на Општина Новаци. 

Денешниот празник на Општина Новаци беше збогатен со мноштво настани и активности поврзани со одбележувањето 61 година од основањето на ЦОУ ,“Славко Лумбарковски” Новаци. Исто така беа одржани спортски активности во спортска сала во  Новаци, полагање цвеќе на гробот на Пеце Матичевски и приредба на дечињата од градинката Бамби во Новаци во општина.

More from ВестиMore posts in Вести »