Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: Приведен крадец од Битола, баран со  потерница за  затворска казна од една ипол година

Денеска, 30 март, во Битола, полициски службеници од Полициска станица Битола лишиле од слобода 34 годишник од Битола, кој бил баран со потерница од Основен суд Битола за издржување казна затвор во траење од една година и шест месеци за извршени тешки кражби на подрачјето на Битола по член 236 од Кривичниот законик. 

Лицето по  приведувањето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.