Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 25 позитивни на ковид-19, оздравени 26, активни 166 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола 25.

Регистрирани сe 326 оздравени пациенти од Битола се 26.

До сега во Битола има 14.801 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 166 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице, нема од Битола.

Направени се во Битола 86 ковид тестови тестови преку ЦЈЗ Битола 71 и преку “Плодност“ 15.

Досега во земјата се направени вкупно 1.962.489 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а бројот на активни случаи изнесува 1.770.