Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: утре започнува реконструкцијата на мостот кај Безистенот, ќе биде готов до крајот на мај

После четири месеци од почетокот на долгите административни процедури поминати низ државните институции, Општина Битола ја обезбеди потребната документација за реконструкција на Мостот кај Безистенот. Веднаш по преземањето на функцијата од страна на градоначалникот и согледувањето на состојбата на мостот на 11 ноември, општината ја започна постапката за добивање на потребните мислења, согласности и одобренија.

После конечното добивање на согласностите од државните институции, Општина Битола со градежни активности започнува од утре.

Согласно склучениот договор за проектирање и изведба, првата фаза проектирање е завршена во рок од 15 дена, а за втората фаза остануваат уште 20 работни дена да се завршат сите градежни активности, по што ќе следува период за постигнување на потребната цврстина на бетонот од 28 дена, пробно товарење на мостот и пуштање во употреба.
 
Со ваквата динамика, општината планира да ги заврши сите активности до крајот на мај.
More from ВестиMore posts in Вести »