Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за физички напад од сосед и сообраќајни контроли

На 30 март 2022 година во СВР Битола, Б.К. (34) од Битола пријавил дека на ул.“Партизанска” во Битола бил физички нападнат од неговиот сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 41 возачи, од кои 12 на територија на Ресен, 14 на територија на Битола, 6 санкции на територијата на Прилеп, 4 во Демир Хисар и 5 санкции во Македонски Брод.

More from ВестиMore posts in Вести »