Press "Enter" to skip to content

УКЛО го објави конкурсот за добивање на стипендија “Тома Фила“ (линк)

Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола го објави конкурсот за доделување на стипендијата “Тома Фила“, во бруто износ од 10.000,00 денари, се доделува за стипендирање и подржување на еден талентиран студент на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Правен факултет – Кичево, дисперзирани студии во Битола.

За стипендијата можат да конкурираат студенти на втор циклус студии, со остварен просек од најмалку 8 и на прв и на втор циклус студии, а  се доделува на студент со постојана адреса на живеење во Општина Битола, за едногодишно стручно усовршување како адвокатски приправник, кај адвокат со регистрирано седиште на подрачјето на Општина Битола.

Студентите кој конкурираат за стипендијата треба да  Кандидатите – студенти треба да ги достават потребните документи во рок од 15 дена од денот кога е објавен Конкурсот на веб страните на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и на Правниот факултет – Кичево.

Линк до конкурсот: https://uklo.edu.mk/blog/konkurs-toma-fila/

More from КомерцијаMore posts in Комерција »