Press "Enter" to skip to content

Во Битола претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, петок, 1 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне можен пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 18 степени.

Утре, сабота, 2 април, времето во Битола ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Температурата во Битола до 14 степени.