Пелистер Волеј – Универзитет Тетово 3:1
(25:17; 25:20; 23:25; 25:17)
Екипата на Пелистер Волеј со победа, во Битола, во спортската сала на Медицинското училиште, во нивната одбојкарска сезона, го заврши регуларниот дел од сезоната 2021/2022, а како ќе продолжи понатаму разигрувањето ќе зависи од другите резултати на екипите во последното коло.За победата над екипата на Универзитет Тетово, тренерот на екипата, Роберт Митковски вели:
-Во последното коло видовме еден нов сосема поинаков Пелистер кој одигра можеби најдобро оваа сезона. Ваква брза и динамична одбојка особено во нападот одамна не сме гледале, огромна трансформација во целост, а единствено нејасно е зошто остана сервисот проблематична и болна точка. Одбраната и заштитата беа на посакувано ниво, многу блокови, многу пасивни блокови, а за играта на одбојкарките додаде:
-Ретко коментиран поединечно за одбојкарките, но овој пат ќе кажам дека либерото Андреа Стојановска како да беше на секоја можна точка од полето, кој ги пофали и останатите Фантастична организација на техничарката Михаела Цветановска, неверојатна серија на средниот блокер Меланија Каралиоска која прокнижи цели 17 поени, одлична партија за Ана Ивановиќ, а младата Ева Трпеновска беше незапирлива и брутална во секој напад. Кога на ова ќе се додаде умешноста на Стефани Најдановска и одличниот, на моменти супериорен настап на најмладата Анастасија Ристевска, која за прв пат одигра цел еден меч.
И повторно во салтаа имаше громогласна публика и атмосфера, многу транспаренти од најмладите кои беа пресреќни што се дел од нашата навивачка публика, голема благодарност до сите нив.
За понатамошниот развој на настаните Митковски вели:
-Теоретски шанси сеуште има, но нема да жалиме и ако нашето место го бараме преку бараж натпревар, зошто ова екипа има и можност и капацитет, добро е поткована и има сосема доволно време за уште поголем напредок. Неизвесноста е најголемата убавина во спортот, а ние секако ќе се бориме до самиот крај.
Поените ги освоија: Ева Трпеновска 18, Меланија Каралиоска 17, Ана Ивановиќ 11, Анастасија Ристевска 8, Стефани Најдановска 6 и Михаела Цветановска 4.