Денеска (01.04.2022) во Битола, полициски службеници од СВР Битола, Отсек за општ криминал, лишиле од слобода 32 годишник од Битола. Тој бил баран со потерница од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година и пет месеци за сторено кривично дело по чл 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување казната.
На 31.03.2022 во СВР Битола, З.Љ. (35) од Битола пријавила дека на ул.„Смилевски Конгрес“ во Битола нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.