Press "Enter" to skip to content

УКЛО поканет да учествува во работата на фокусна група на Европската Асоцијација на Универзитети (фото)

Проректорот за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола (УКЛО) проф. д-р Игор Неделковски, по покана од Европската Асоцијација на Универзитети (ЕУА) од Брисел, учествува во работата на фокусна група за Иновативно лидерство и управување со промени во високото образование, на Универзитетот Рамон Лул во Барселона, Шпанија. Во работата на фокусната група учествуваат 20 високи претставници (ректори, проректори, директори и сл.) од 20 универзитети членки на ЕУА и ќе се одвива на 31 март и 1 април.Како резултат на работата на оваа фокусна група ќе се дoбијат насоки за успешно и иновативно справување и раководење со промените во високото образование кои претстојат во Европа, а се поттикнати од  новите трендови како што се дигитализацијата, отворената наука и образовни ресурси и сл.Поканата за учество на УКЛО во работата на оваа фокусна група на ЕУА е уште еден доказ за високот реноме што УКЛО го има во рамки на ЕУА. Во 2021 ЕУА изврши последователна евалуација на УКЛО при што даде доста позитивни мислења, а секако и серија препораки за подобрување. Европската асоцијација на универзитети (ЕУА) претставува повеќе од 850 универзитети и интер-универзитетски конференции од 48 европски земји. ЕУА игра клучна улога во Болоњскиот процес и во влијанието врз политиките на ЕУ за високото образование, истражување и иновации.Од Република Северна Македонија полноправни членки се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Придружни членки на ЕУА се и државните универзитети во Штип и Тетово, како и Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово и Меѓународниот Балкански Универзитет – Скопје.