Press "Enter" to skip to content

Фото вест: со затоплувањето започна подготовката за работа на фонтаната на “Магнолија“

Со затоплување на времето и немањето на опасност од замрзнување на системот за бода, започнаа подготовките за работа на големата фонтана, која е во рамките на споменичниот комплекс “Филип Втори“ на плоштадот “Магнолија“ во Битола.

Фонтаната со својот изглед и начин на работа, надополнет со светлосно-визуелни ефекти, кои се заедно со музичка програма е омилено место на битолчани, а секако и на туристите кои кога доаѓаат во Битола, каде се фотографираат и од тука носат спомени.

На 8. седница на Советот на Општина Битола, е донесена одлука за отстапување на одржувањето на фонтаните кај “Јени Џамијата“ (Шадрван) и фонтаната на “Магнолија“ (Филип Втори Македонски) на ЈКП “Водовод“ од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »