Учениците од I-1 одделение со наставничката Елена Угарчева, специјалниот едукатор и рехабилитатор Андријана Шокларовска, во соработка со Педагошкиот факултет од Битола со студентите од насоката социјална и рехабилитациска педагогија, под менторство на проф. д-р Марија Ристевска и образовните асистенти од училиштето реализираа низа активности, по повод денот на шегата 1. април испреплетени со активности посветени на светскиот ден на аутизмот 2. април. Малите и вредни буба мари составуваа сложувалки во кои преовладуваше сината боја. Учевме дека децата со аутизам се сликата на невиноста, на бесконечното синило среќа, на единственоста…
Преку сложувалките докажаа дека потребно е правилно составувње на сите делови за нештото да функционира како целина, исто како и во животот…