Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 19:22 (9:10)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 2.500
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев
Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Ристевски, Јовановски, Николовски 1, Буторац, Митревски, Петровиќ 3, И. Димитровски 1, Талевски 2, Стоилевски, Петар Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 5, Белистојановски 6, М. Ѓукиќ, Табаковски, Мицески
Седмерци: 4/3, исклучувања: 10 минути
Вардар 1961: Ристовски, Томовски, Петров, О. Њокас, Валчак 1, Моралес 4. Георгиевски 7, Карапалевски, Савревски 2, Тото 2, Гаџа 1, Талески 2, Дибиров 3, Додиќ, Мишевски, Д. Ѓукиќ
Седмерци: 2/3, исклучувања: 16 минути.Во одличен првенствен натпревар кој се одигра пред 2.500 гледачи во Битола, екипата на Еурофарм Пелистер 2, предводена од Александар Јовиќ, се спротистави на Вардар, иако некомплетна без 7-8 стандардни ракометари, Павле Атанасијевиќ, Димитруевски, Кузмановски, Арсеновски. Нивното отсутство се почуствува по кратката клупа, а Вардар забележа прва победа оваа сезона во Битола и остана во борба за титулата со 19:22, полувреме 10:11.
Еурофарм Пелистер добро, Трајкоски редеше одбрани и победе со 2:0, а потоа и со 4:2. Вардар израмни на 5:5, а потоа поведоа со +2 за скопјани. Пред крајот на првиот дел реагираа “пелистерци“ постигна два гола за Белистојановски и Талевски и на крајот од првиот дел резултатот гласеше 9:10 и најава за неизвесно второ полувреме.
Во второто полувреме на почетокот ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се држеа, а кон средината на вториот дел се почуствува заморот и отсуството на повредените. Вардар поведе со 13:15 во 39. минута, а предноста дојде до +4. Белистојановски погоди од седум метри трипати по ред, еднаш промаши, а Вардар 1961 со искусните ракометари враќаше гол за гол до победа 19:22.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Белистојановски со 6 и Ѓорговски со 5 гола.
Еурофарм Пелистер 2 следниот викенд игра градско дерби со Еурофарм Пелистер.