Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер го победија Гостивар во претпоследното коло, обезбедено првото место

Гостивар – Пелистер 64:81

Кошаркарите на Пелистер од гостувањето во Гостивар во Битола се вратија со победа, која им го обезбеди првото место на табелата, иако има да се одигра уште едно коло пред да започне разигрувањето за титулата кое претстои.

“Пелистерци“ ја победија екипата на Гостивар со резултат 64:81 во натпревар во кој победата не беше доведена во прашање ниту во еден момент. По првата четвтина резулатот беше во позитива за Пелистер, 14:20, а на одмот по втората четвртина се отиде со +8 за Пелистер, 32:40.

Третата четвртина беше рамноправна во играта на двете екипи, а Пелистер третиот квартал во заврши со солидна предност од +15, а во последните десет минути се влезе со резултат 45:60. Поспедната четвртина беше само потврда на квалитетот на битолчани кои заслужени победија со 64:81.

Најефикасен кај Пелистер, Малешевиќ постигна 20,  Кесар 17, а Ѓуроски 16 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »