Press "Enter" to skip to content

Во Битола оздравени 33 пациенти од ковид-19, активни 171 случај

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, нравени се 1.024 тестови, а регистриран е 41 нов случај на КОВИД-19, нема од Битола, а во Битола вчера не беа правени тестови.

Регистрирани сe 457 оздравени пациенти од Битола се 33.

До сега во Битола има 14.875 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 171 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице, нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 1.970.059 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.566.