На еден ден пред натпреварот од Европската лига во Битола, каде екиата на Еурофарм Пелистер против Нексе, во клубските простории се одржа редовната средба со новинарите на која зборуваше босанскиот интернационалец Елмир Граџан. Тој потенцира дека сакаат да ја продолжат европската пролет и да ја вратат титулата во Битола, прва пречка за тоа е екипата на Нексе.
-Како што знаете сами, имаме две многу важни средби во април. Едната е да ја вратиме титулата во Битола со Вардар, но претходно играме реванш со Нексе во Европската лига. Ќе има многу борба, а ние ќе се обидеме да се вратиме од трите гола негатива. Се надеваме дека ќе бидеме победници. Во Хрватска одигравме динамичен натпревар. Треба да се очекува пеколна атмосфера, да ја искорисиме предноста на домашен терен и да се вратиме од негативата која е три гола. Значи враќањето на капитенот, ама ова е колективен спорт. Периќ е лидер и капитен, па мислам дека може да ни помогне, изјави Граџан.