Јанта Волеј Форца – Пелистер Волеј 0:3
(24:26; 23:25; 18:25)
Екипата на Пелистер Волеј во рамките на младинско првенство на Македонија го идиграа првиот натпревар од 1/4 финалето, играа во Скопје, против екипата на Јанта Волеј и тоа за нив, како рекоа е голема победа која многу им значи, бидејќи победија во тежок и исцрпувачки натпревар.
Дуелот во Скопје, помеѓу двете квалитетни школи кои имаат високи амбиции играа убава игра, на моменти доста стресно, но кога се игра бараж натпревар секогаш е така. Натпреварот покажа дека и покрај победата на Пелистер овој двомеч е далеку од готов и дека во Битола ќе се игра натпревар за секој поен.
-Им честитаме на нашите девојки за победата, во која дадоа се од себе, особено кога имавме негатива во вториот сет во кој со голема умешност ја надминавме резултатската криза. Секако дека ова не е максималното ниво и секогаш можи уште подобро, за што и понатаму напорно ќе работиме. Во играта повторно функционираше блокот кој ни донесе значителна предност.
Поените ги освоија: Ева Трпеновска 16, Меланија Каралиоска 8, Стефани Најдановска 5, Анастасија Ристевска 4, Емилија Бицевска 3, Василиче Наумоска 2 и Михаела Цветановска 1.