Press "Enter" to skip to content

Премиерот Ковачевски и заменикот Битиќи во посета на “БиМилк“ по повод 70 години постоење (фото)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ја посетија компанијата „БиМилк“ во Битола, една од најголемите компании во млечната индустрија, по повод 70 години постоење и работа на македонскиот пазар.Со инвестиции во развојот и во одржливоста на млечната индустрија, Бимилк обележува 70 години постоење и работа на македонскиот пазар, а пред гостите беа претставени капацитетите на компанијата, производните потенцијали, инвестициите и идните развојни планови.

Премиерот Ковачевски по посетата на Битолската млекарница рече:-Ми претставува чест и задоволство што денеска заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи сме во посета на првата млекарница во државата токму по повод 70 години постоење и работа на македонскиот пазар. Им честитам на раководството и вработените во компанијата за овој голем јубилеј. „БиМилк“ денес претставува наш препознатлив бренд и двигател на млечната индустрија во земјава. „БиМилк“ е значаен стопански фактор. Поддржувач на локалната економија и на фармерите млекопроизводители и учесник во општествените процеси со силна поддршка на заедницата, во рамките на својата општествена одговорност како темелна вредност на компанијата. Денес „БиМилк“ го обезбедува домашниот и пазарот во регионот со повеќе од 80 производи. Директно вработува 220 луѓе, а заедно со соработниците и компаниите со кои соработува, овозможува егзистенција на околу 1.500 семејства во земјата. Успехот на оваа компанија од млечната индустрија се должи на имплементирање развојна стратегија насочена кон фармерите млекопроизводители и континуирано вложување во нова, современа технологија за унапредување на работата.-Бимилк има најголема покриеност на пазарот, широко портфолио производи и е главен снабдувач на пазарот со млеко и млечни производи, истакна Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк.-“Бимилк“ денес е синоним за квалитет. Ние сме значаен стопански фактор во земјава, поддржувач на сточарите млекопроизводители, двигател на млечната индустрија во земјава и секако, општествено одговорна компанија со силна поддршка за заедницата. Целиот развоен пат и иновативноста на Бимилк се мотивирани од потрошувачите заради кои и постоиме и затоа нашата благодарност ја упатуваме токму до нив за дадената доверба во нашите производи и за постојаниот поттик за проширување на нашата понуда, изјави Петрушев.Тој додаде дека задржувањето на повеќедецениската лидерска позиција на Бимилк е резултат на постојани инвестиции во сите сегменти од работата, посебно со унапредувањето на технолошките процеси и развојот на нови производи. Изминатите пет години инвестирани се повеќе од 10 милиони евра во развој на компанијата, вклучително и проекти наменети за заштита на човековата околина.Првата млекарница во државата денес го обезбедува пазарот со асортиман од повеќе од 80 производи од млечната индустрија, а со развојната стратегија насочена кон фармерите млекопроизводители, потрошувачите и кон унапредување на процесите во однос на квалитет и квантитет, претставува важен фактор во млечната индустрија на Македонија.