Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со пораз од Нексе во Битола елиминиран во Европската лига (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Нексе 21:22

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не ја искористија одличната атмосфета во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ и се поразени од хрватски Нексе и со поразот ги заврши настапите во Европската лига. Бабиќ заедно со ракометарите не најдоа решение за разиграниот Нексе, кој славеше со минимални 21:22, а Хрватите заслужено се радуваа ви Битола и продолжуваат во четврт финалето.Натпреварот започна во пеколна атмосфера, а ракометарите на Нексе не подлегнаа под притисокот од трибините и не дозволија Еуеофарм Пелистер да направи разлика за помирно продолжување на натпреварот. Нексе по 2:0 за Пелистер израмни на 2:2, потоа и дојде до посакуваните +3, и поведе со 5: а потоа и за првпат на +4. Нексе со брзи контри дојде до израмнување 9:9 во 25 минута. Хрватите имаа +1, а потоа на крајот на полувремето беше 11:11.В0 второто полувреме гостите за првпат поведоа со три гола разлика 12:15, а од друга страна “пелистерци“ промашуваа зицери, и Нексе во 50. минута имаше +2. Битолчани пробаа да се вратат во игра, но Нексе искусно го доиграа натпреварот и дојдоа до нивниот најголем успех.Најдобар во редовите на Еуерофарм Пелистер беше Мандалиниќ кој погоди 6, а Табоада 5 гола.