Универзитетот “Св.Климент Охридски”-Битола во Офицерскиот дом во Битола, каде Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 од Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја организираат „Катедра Аденауер 2022: ЕУ по руската инвазија – нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан?“.
Со свои излагања на настанот ќе земат учество: Горан Илиќ Професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Марјан Ѓуровски Професор на Факултетот за безбедност – Скопје, Јован Андоновски Вонреден професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Кирил Миноски Поранешен министер за финансии.
Настанот ќе го отворат Давор Пашоски, Фондацијата Конрад Аденауер; Катерина Јакимовска, Центар за европски студии Вилфрид Мартенс; Тони Коњановски, Градоначалник на Битола; Сашо Коруновски, Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Васко Наумовски, Претседател на Институтот за општествени истражувања – МК91 кој ќе биде и модератор на панел дискусијата.