По 12 одиграни меѓународни натпревари, 10 во “Д“ групата и еден во четвртфиналето, Еурофарм Пелистер вечерва го заврши својот настап во Европската лига. Вечерва во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ ракометарите го одиграа шестиот натпревар, но за жал го загубија од екипата на Нексе од Хрватска.Натпревар кој ќе остане во ракометната историја на Битола, но ќе остане и во сеќавањето на сите битолчани кои по пандемијата по две години ги наполнија трибините во салата, а секако со тоа следуваше и одличната ракометна атмосфера.
А на трибините обединета Битола, спортисти, политичари, бизнисмени, девојки, жени, “Чкембари“, кошаркари, угостители, од “Ушици“, “Карпош“, Баиро, Нова Битола, полни трибина за полна ракометна душа.
Иако на крај се радуваа гостите кои го прославија пласманот во четврт финалето, а битолската публика со аплауза го испрати Хрватите од салата.
Она што е карактеристично за битолската публика е тоа што по завршувањето остануваат во салата, а овој пат по завршувањето имаше скандирање за Пелистер, навивачите ја испеаја “Ако одам во Битола“, падна некоја солза за поразот…
Но, на крај битолчани од ракометарите побараа титула, а на одлувачкиот натпревар против Вардар веќе најавија невидена атмосфера, која долго ќе се памети, а ќе се слави и титулата која по 16 години се очекува во Битола.

Одлична ракометна атмосфера за крај на европските настапи на Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Утрово, масовно посетен параклисот кај Црн мост во Битола, за денот на Света Петка – Летна на кој ден чуда се случуваат (фотогалерија)
- Фото вест: новинарот Димче Миновски го одбележа 80 роденден, пријателите со изненадување
- Приказната за култната дискотеката “Орфеј“ во Битола синоќа продолжи во “Расчекор“ (мегафотогалерија)
- Во Битола сончево со мала до умерена локална облачност
- Деновиве пред 10 години: Широк Сокак за Илинден во 2012 години (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес на “Бит фест“: концерт на две битолчанки, дуо пијано, “Музиката раскажува приказни“
- Отворен форумот за локални практики во филмската уметност (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 27 степени
- Го пречекал кај мостот над Баирот со закана му ги одзел парите
- Во Битола 38 нови позитивни на ковид-19, оздравени 56, активни 270 случаи